УКИМ утре ќе го објави конкурсот за упис на студенти во 2017/2018 година

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје утре ќе го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година во академската 2017/2018 година, во кој новина е укинувањето на дисперзираните студии. Слободни се вкупно 10.818 места.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски изјави дека според квотите одобрени од Владата, 5865 слободни места се за редовни студенти за кои годишната  партиципација е 200 евра, 3793 места се за редовни со кофинансирање на студиите и 400 евра годишно и 1160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра.

Конкурсот утре ќе биде објавен во весникот „Нова Македонија“, како и на веб-страницата на Скопскиот универзитет.