УКИМ денеска започнува со новата студиска година

Факултетите на најстариот и најголем универзитет во Македонија „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе го одбележат почетокот на новата академска 2017/2018 година со прв академски час за новозапишаните студенти.

Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски ќе присуствува на свечен прв академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а потоа и на Факултетот за земјоделски науки и храна.

– Обраќајќи им се на студентите на овие два факултета, ректорот Јанкуловски симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти УКИМ.

Во Конкурсот на УКИМ за 2017/2018 беа слободни вкупно 10.818 места за студенти на прв циклус студии: 5865 за редовни студенти, 3793 места за редовни со кофинансирање на студиите и 1160 за вонредни студенти.