УХМР алармира: Следува период на многу топло време, портокалово ниво на висока температура во Скопската котлина

Од денес до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, информираше Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската, Полошката, Котлината, Пелагонија, и Овче Поле портокалово ниво на високата температура. Поради натамошен пораст на температурите од четврток натаму ќе биде активно портокалово ниво.

Владата на барање на Министерството за здравство, вчера одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни препораки.