Угостителите ги качија цените

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2018 година, во споредба со февруари 2018 година, е зголемен за 1.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 5.8 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2.4 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.6 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0.6 %.