Училиштата во Илинден добија брзи тестови за утврдување на Ковид 19

Градоначалникот на општина Илинден  Жика Стојановски им донираше брзи тестови за утврдување на Ковид-19 на трите основни училишта и средното општинско стручно  училиште „Илинден”. Се работи за тестови кои овозможуваат брза детекција на присуство на корона вирусот.

Со донацијата на тестовите за брза детекција се овозможува ефикасно спречување на ширење на инфекцијата во училиштата, каде што наставата се одвива со физичко присуство на учениците.

-Континуираното следење на состојбата со Ковид-19 и брзото дијагностицирање во училиштата,  е од голема важност,  со цел   преземање нa навремени и соодветни мерки за спречување на ширење на заразата меѓу учениците и вработените во училиштата.Да бидеме одговорни, да носиме маски, да одржуваме дистанца и редовно одржување на хигиената, порача тој.