Ученици од основните училишта “Невена Георгиева Дуња” и “Круме Кепески” остварија едукативна средба во општина Кисела Вода, каде се сретнаа со градоначалникот Филип Темелковски.

Како што соопштија од општината, Темелковски ги запознал учениците со функционирањето на локалната самоуправа, им објасни за работата на администрацијата и секторите преку кои се преземаат активности за подобрување на условите за живот. Учениците се запознаа и со работата на Советот на општина Кисела Вода.

Покрај ова, Темелковски на дечињата им даде можност да поставуваат прашања, на кои добија одговори за идните планови и проекти на општината.