Уапсени крадци во Прилеп, ги фатиле на лице место - украдените работи ќе бидат вратени на сопственикот

Вчера биле уапсени две лица во момент кога се обидувале да извршат кражба од куќа во Прилеп. Кај нив биле пронајдени предметите кои се обиделе да ги украдат.

„Синоќа во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп. Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението од МВР.