Уапсен педофилот што во гаража во Карпош силуваше 11 годишно девојче

По налог на обвинителството, судија на претходна постапка на осомничениот за неодамнашниот напад на девојче во скопската населба Карпош му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Едномесечен притвор му е одреден на педофилот што во петокот минатата недела околу 19:30 часот извршил други полови дејствија врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје.

Девојчето додека возело велосипед по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Анкарска застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години, и му побарала 20 денари.

Сторителот и рекол дека ќе и даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што истата се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.