Педофил примамувал деца во Влае

Педофил демнел деца и ги примамувал да одат со него и тоа пред очите на родителите, во населбата Влае. Ова е сведоштво на мајка која одлучи случката да ја сподели на социјалните мрежи.

Во паркот во оваа наслеба се појавил маж кој, според нејзината објава, ги терал децата да заминат со него. Младиот човек кој шетал куче кога влегол во паркот, приоѓал на повеќе деца и започнувал разговор со нив.

Во тој момент децата дотрчаа вознемирени и исплашени и ни кажаа како тој дечко ги викал да одат со него и да му дадат рака да ги прошета, напиша загрижената мајка.

По случката полицијата го привела човекот. Се работело за лице со психички проблеми.

-По добиена пријава лицето е приведено и извршен е разговор со него. Утврдено е дека станува збор за лице со психички проблеми. Известена е соодветна здравствена институција и јавен обвинител, велат од МВР.

cheap nike air max 90