Туристички работници: Ваучерите се промашена работа, со 100 евра не може денот да го поминете, а камоли да се опуштите

Шесте илјади денари кои се наменети за одмор на лицата со ниски примања во некои од домашните туристички капацитети, се непотребно фрлени пари, сметаат од туристичкиот сектор во Охрид. Туристичкиот водич и професор на Факултетот за туризам во Охрид, Климент Наумов, за Алсат вели дека овие средства се недоволни и ваквата мерка е целосно промашена.

Приоритет може да биде инфраструктурна подготвеност и градење на пристапните патишта до Охрид. Со 100 евра вие не можете денот да го поминете, а камоли да се опуштите и да уживате во туристичкото патување, вели Климент Наумов-професор на факултетот за туризам во Охрид.