Трпението и благодарноста се карактеристики на големи личности

Како што созреваме, стекнуваме и некои нови вештини, навики, стануваме помудри и попаметни. Еве кои карактеристики кажуваат дека сте зрела и возрасна личност:

  1. Способност за согледување – зрели сте толку што можете да го согледате вашиот живот како да сте некоја личност од опкружувањето, да заземете став и да ги процените вашите постапки, мисли и чувства. На овој начин можете подобро да ги разберете вашите доблести и мани.
  2. Самоконтрола – Способни сте да процените и да размислите за последиците од некои постапки. Исклучете ги чувствата и размислете трезвено за дадениот проблем или ситуацијата во која се наоѓате.
  3. Благодарни сите на луѓето околу вас – сте научиле да го цените и почитувате времето и постапките на другите луѓе околу вас. Благодарни сте, дури и за ситниците кои ги прават за вас.
  4. Ги познавате своите граници – сфаќате што е прифатливо за вас и колку далеку можете да одите. Но, ако некој ги премине вашите граници, вие сте подготвени да се борите, а не да се преправате дека ништо не се случило.
  5. Поседувате морал – знаете што сакате и на кој начин.
  6. Одговорни сте – на сите ситуации им пристапувате сериозно, затоа што сте свесни дека само вие сте одговорни за нив, а не некој друг.
  7. Се потпирате само на себе – знаете дека другите не треба да ги решаваат вашите проблеми.
  8. Чесни сте – чесноста можеби е и најважна во животот. Немате потреба да лажете кого било. Со луѓето околу себеси сте изградиле чесен и искрен однос, како што прави секоја зрела личност.
  9. Трпеливи сте – сте научиле дека добро искористеното време е многу важно. Знаете дека е потребно време за добри резултати, но дека на крајот тоа се исплати.