Не си играј со трпението на силната жена

Силната жена не е онаа која е самоуверена и полна со себе. Таа е многу повеќе од тоа -  таа жена е ранлива, таа прави грешки, учи важни лекции и го сака животот иако многу пати бил против неа.

Да се биде силна жена значи да се постават сопствени граници и да се следат и почитуваат. Да не се дозволи никому – на пријателите, патнерите, па дури и семејството да користат манипулации, да ја искористат и да погазат. Таа била погазена многу пати, но научила како да застане позади себе, да биде силна и цврста во своите ставови.

Оваа жена не мисли дека е подобра од другите жени. Таа не се натпреварува. Посветена е на своите соништа и цели. Дел од нив вклучуваат деца и брак, дел кариера, куќа со дворче, патување низ светот. Но, таа го одбира тоа сама. Не дозволува некој да и залепи етикети за тоа што  го сака или треба да го сака.

На оваа жена понекогаш и е потребна помош. Ја гледаме како силна и независна жена која може да постигне се што ќе посака, но и неа и е потребна помош. Некои денови таа има сила за да помести планини, а други пак не може да стане ниту од кревет.

Силната жена се гледа себеси во огледало и го сака тоа што го гледа. Таа е свесна дека брчките се симбол на нејзиното минато, дека нејзината кожа го претставува начинот на којшто таа живее, дека нејзиното тело не е совршено. Таа прави напори да биде подобра, но знае дека за да биде сакана од другите, прво таа треба да се сака себеси.

Не ги поминувај границите на оваа жена, не ја задевај и не се обидувај да ја манипулираш. Таа доживеала и видела се и сешто за да ти дозволи да си играш со неа така лесно. Сакај ја и цени ја доколку можеш  и сакаш, но замини си ако немаш можност за тоа. Не го троши нејзиното време. Не се мешај во нејзиниот живот. Таа нема да го дозволи тоа.