Три занимални со капацитет за 100 деца отворени во градинка во Ѓорче Петров

Драстично се намалува бројот на дечиња што чекаат за упис во градинка во скопската општина Ѓорче Петров, односно нивната бројка е речиси преполовена.

Првиот човек на општината Александар Стојкоски вели дека  и покрај потешкотиите на кои наишле, успеале со сопствени средства да платат воспитувачи и негователи и со тоа да се овозможат услови за прием на нови деца во оваа градинка.

-Денеска отворивме три нови занимални со капацитет од околу 100 деца во клонот „Детелинка“- градинка „Росица“ во у.з.Мирче Ацев. Годинава згриживме 1.250 деца на територија на општината, информираше Стојкоски. 

-Напорно работиме на планови за отворање нови објекти. Општина Ѓорче Петров веќе има изготвено и проект за изградба на градинка на нова локација во Стопански Двор. Со промената на ДУП-от СЗ 21, очекувам проширување и на капацитетите на клонот „Рипчиња“, додава тој. 

Градоначалникот рече дека очекува МТСП да реагира во однос на согласностите за вработување во градинката во Волково.