Три убиства за три дена: Скопјанец си ги уби мајката и бабата, кумановец таткото

Три грозоморни убиства ја потресоа македонската јавност за само три дена. Откако скопјанец си ги убил со нож сопствената мајка и баба, вчера нова трагедија.  40-годишен кумановец со нож го нападнал 65 годишниот татко, кој им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.

– Полициските службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј.(40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите, информираа вчера од СВР Куманово.

Пред овој случај имаше двојно убиство на „Рузвелтова“ во Скопје од страна на 42-годишен скопјанец. 

-При вршење семејно насилство, во семејниот дом на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот ги лишил од живот сопствената мајка и баба, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Откако ги убил, ноќта меѓу 10 и 11 јануари, тој легнал да спие. Утрото на 11 јануари проверил и се осигурал дека двете жени се починати, по што се упатил кон домот на неговиот чичко со намера и него да го убие. Чичко му не бил дома, по што осомничениот отишол кај матичната лекарка и и кажал дека ги убил неговите мајка и баба.