„Три од пет дена не функционира електронскиот систем, ова е хорор“, реагира докторот Лазаров

Д-р Ненад Лазаров во својот последен статус зборува за состојбата во здравствените институции и електронскиот здравствен систем со кој се водат пациентите. 

Тој нагласува дека хроничните пациенти имаат тешкотии да ја земат редовната терапија бидејќи се бара извештај на секои шест месеци, а термини нема никаде, ниту за мамографија, ехо, па дури ни за закажување ковид-тестови преку Мој Термин. 

„Идиотски е да нема термини за тестирање за ковид, или кога има тоа да биде по неколку дена, малоумно да не можам да препишам лек кој му треба на пациент“, вели тој. 

Прочитајте го неговиот статус во продолжение: