Три македонски пејачки ќе ги придружуваат „Ај кју“ на Евровизија

Македонски претставници на Евроснго во Лисабон ќе бидат поп-групата „Ај кју“ (Eye Cue), кои Македонија ќе ја претстават со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found).

Неодамна во јавноста се појави и видео записот за оваа песна, а сега веќе е познато и кој ќе го придружува бендот на настапот во Лисабон.

За прудружни вокали се избрани талетираните македонски пејачки Антониа Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска.