Тоше - единствен и незаборавен: Плеј листа за сеќавање

Единствен, непреболен, незаборавен... Тоше Проески, тој останува нашата најсветла ѕвезда. 

И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”. И да беше жив, денеска ќе го славеше својот 40-ти роденден. 

Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

Неговите песни се хитови и денеска. Не се заборава ниту една песна, ниту еден стих.