На денешен ден точно пред 15 години на градскиот стадион во Скопје, легендарниот музичар Тоше Проески го одржа својот последен хуманитарен концерт, посветен на училиштата во Македонија.
Во таа чест, вечерва под наслов „Со љубов за Тоше“, од 19:00 часот на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, ќе се одржи концерт во спомен и сеќавање на големата наша и балканска музичка ѕвезда.
И твитерџиите се сеќаваат на последниот концерт на Тоше:
Дали постои надеж љубов јас да те наречам?
— Царевата Ќерка (Carevata_Kerka) October 5, 2022
Пред 16 години на овој ден, со моја сакана пријателка бевме дел од ѕвезденото небо што Тоше сакаше да го види. Прв и последен пат присуствував на концерт на единствената ѕвезда што ја имаше Македонија и единствениот Македонец кој успеа да го наполни стадионот pic.twitter.com/TCmiSsEySi
— Еквилибрија (ekvilibrija) October 5, 2022
Пред точно 15 години нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 40.000 посетители, го одржа својот последен концерт. По само 11 дена тој трагично го загуби својот живот кај Нова Градишка во Хрватска.
Тоше те сакаме сите! pic.twitter.com/gDjKAXoIEO
— Македонска поезија (mkdpoezija) October 5, 2022