Доаѓа Новата Година, па време е да се донесете нови одлуки, да промените некои навики и да направите „чистка“ на дел од луѓето во вашиот живот. Тоа се однесува на емоционалните вампири и токсични луѓе кои со намера или не, ви го уништуваат доброто расположение и ви носат негативна енергија. Мирот им е потребен на сите, особено во брзото време на живеење и затоа размислете кои се овие луѓе околу вас и ослободете се од нив.
Луѓе кои ви го трошат времето
Тие се оние т.н. пријатели, колеги и познаници кои ни одземаат драгоцено време со празни приказни, постојано жалење и трачарање. Секогаш зборуваат исто и не кажуваат ништо паметно. Само нѐ исцрпуваат и ни го трошат слободното време кое го немаме на претек.
Луѓе кои постојано ве критикуваат
Секако, пријателите во нашиот живот ни се потребни да нѐ искритикуваат кога грежиме, да ни дадат совет и да ни помогнат да бидеме подобри личности, но постојат „пријатели“ кои постојано нѐ критикуваат. Размислуваат негативно и целиот свет им е обоен со црна боја и се обидуваат истото да им го пренесат и на другите луѓе.
Луѓе кои постојано глумат жртви
Сите имаме барем една личност која никогаш не признава дека направила грешка и наместо тоа се однесува како целиот свет да се руши. Тие се најдобри и совршени и никогаш не ја признаваат ни најмалата грешка која ќе им ја посочиме. Освен тоа, тука спаѓаат и оние кои никогаш немаат пари, време и ресурси и постојано бараат нешто друго од другите и државата.
Луѓе кои постојано се негативни
Тие се оние за кои сѐ е црно. Не постои еден момент или ситуација во која можат да уживаат, ниту пак да им дозволат на другите да уживаат. Тие се оние за кои секоја ситуација е основа за нешто лошо и негативно и од кои никогаш нема да добиете охрабрување и поддршка.
Луѓе со „краток фитил“
Тоа се оние кои можат да избувнат за најмала ситница и да ви кажат милион работи кои баш и не морате да ги слушате, ако сте задоцниле 5 минутки. Освен тоа, избувнуваат дури и на најмалата критика на нивна сметка. Тие се оние кои сакаат да имаат контрола над секоја ситуација и доколку претеруваат, не оставајте место за нив во нивниот живот.
Манипулатори
Тоа се оние луѓе кои се злобни и постојано играат игри. Тие манипулираат со другите луѓе за да ги искористат и да го добијат тоа што го сакаат. Знаат да извлечат информација и да добијат сѐ што им е потребно, а потоа можат вашите слабости да ги искористат против вас.