Ти си уникатна личност и никој не може да се спореди со тебе

Не се грижи околу тоа да бидеш подобар од некој друг, затоа што тоа ќе те онерасположи.

Наместо тоа, сосредоточи се на тоа да бидеш подобар од себеси.

Направи еден чекор напред во однос на вчера.

А кога ќе дојде утре, најди начин да бидеш уште подобар.

Споредувањето со другите само ќе одведе на патот кон разочарување или ароганција, а ништо од тоа нема позитивно да влијае на тебе.

Наместо тоа, споредувај се со самиот себеси и тогаш навистина ќе имаш со што да се занимаваш.

Кога се трудиш да бидеш подобар од себе, ти не загрозуваш никого.

Ти си уникатна личност и никој не може да се спореди со тебе.

Престани да се грижиш околу споредбите со другите.

Вложи ја својата енергија во позитивна насока со тоа што ќе бидеш најдобар што можеш да бидеш, дури можеби и подобар од тоа.

Р.М.