Ги паметам деновите пред да го запознам човекот кој излезе дека е љубовта на мојот живот кога плачев на каучот, давејќи се во тага, чудејќи се зошто едноставно не можам да најдам некој што навистина ќе ме сака.

Паметам како бев опркужена со луѓе, а сепак се чувствував осамено. Паметам како ми паѓаше самодовербата поради тоа што некој лик не ми обврнуваше внимание.

И иако се чувствував лошо во моментот, дефинитивно научив нешто за животот: Ако нечии зборови или постапки прават да се чувствувате мизерно, заминете си. НЕ сте обрзани да останете со некого кој прави да се сомневате во себеси.

Така беше сѐ додека не го запознав човекот кој денес ми е сопруг и кој ми помогна да ги видам сите убави работи на и во мене. Јас не се променив, туку тој во мене го виде тоа што јас самата не го гледав и го извади најдоброто од мене на површина.

Од денот кога го запознав, тој прави да се чувствувам онака какошто треба да се чувствува секоја девојка кога е во прегратките на мажот кој го сака.

За него, јас не сум „можеби“. Јас не сум нешто од коешто може туку така да го позајми или изнајми во моментот. Јас сум девојката којашто тој ја чекал, девојката од неговите соништа. Со него никогаш не почувствував дека треба да се променам за да ме сака, јас останав своја, а тој токму тоа го сакаше.

Тој никогаш не направи да плачам и да се сомневам во себеси или во него.

Девојки, вистинскиот е некаде таму. Тој дечко постои и само го чека моментот кога патиштата ќе ви се сретнат. Каде и да си, што и да ти се случува во животот, запомни дека ти си девојката од нечии соништа.

Можеби тоа ти изгледа недофатливо, затоа што во еден период од животот, некој ти го скршил срцето. Но, кога негативните мисли ќе почнат да ти се провлекуваат низ умот, запомни го ова:

Ти во себе го поседуваш она што некој целиот живот го бара.
За некого ти ќе бидеш најпрекрасната и најубавата личност на светот.
Твоите маани ќе бидат дополнителна причина за сакање.
Имаш срце кое ќе биде сакано.
Имаш насмевка која некој ќе сака да ја слуша.
Имаш душа која нема да ја земе здраво за готово.
Имаш добрина која ќе биде ценета.
Имаш амбиции кои некој ќе ти ги поддржи.
Имаш убавина од која некој ќе биде маѓепсан.
Имаш интелигенција на која некој ќе се воодушевува.
Имаш рака која совршено ќе се вклопува со неговата.

Постои личност која е совршена за тебе. Некој кој ќе те цени и ќе те обожава.

Тој човек е некаде таму. Едноставно судбината сѐ уште не ве споила.

Но, да знаеш, кој и да е, ќе те најде, ќе те чува и за него ќе бидеш незаменлива.