Ти простувам што ме остави кога ми требаше најмногу

Ми требаше.

Ми требаше да ме смириш, да ме држиш за рака, да ги избришеш солзите од мојот образ, да ме повлечеш во една од твоите спокојни прегратки и така да ја исцедиш тагата од моето тело. Ми требаше да ме слушаш. Ми требаше за да ме разбереш. Ми требаше во сите мали моменти на страв и фрустрација.

Но, ти не беше тука.

Мислам дека верував дека си совршен. Изгледа дека те имав на некој пиедестал со измислени стандарди, мислејќи дека секогаш ќе бидеш тука за мене кога ќе те побарам, без оглед на  сè. Но, изгледа тоа не беше толку реално. Ја внесов сета моја надеж во тебе, мислејќи дека ти ќе ме спасиш. Но, не се лутам што ти не го направи тоа. Бидејќи така се спасив самата.

Сфатив дека можеби бев себична – барајќи од тебе да ги оставиш сите нешта во твојот живот за да дојдеш и да ме слушаш и тогаш кога немав што да кажам. Жал ми е за сиот бес и сета горчина што ја насочив кон тебе. Се извинувам за нервозата, за сета фрустрација што ја истурив врз тебе, барајќи од тебе да бидеш нешто што не си.Се извинувам за тоа што те обвинив што не си тука за мене, кога и онака не можеше ништо да направиш.

Ти простувам што замина бидејќи сега разбирам дека тоа не беше твој проблем што требаше да го решиш, ниту пак твоја битка што треба да ја добиеш.

Сега сум посилна. И, иако ми го скрши срцето – ти простувам. Бидејќи знам дека си несовршен и те сакам со сите твои мани, кои не ги гледав претходно.