Тешко повредена малолетна велосипедистка: Ја удрил автомобил, итно пренесена на Клиника

На 08.07.2021 во 19.20 чaсот на крстосницата од ул.„1“ и ул.„5“ во с.Љубин, скопско,  патничко возио „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(22) од с.Љубин, удрило во велосипед управуван од малолетничка од с.Сарај, скопско.

Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.