Обвинителството истражува дали пронајденото запалено возило во скопски Сарај е поврзано со човекот кој минатата недела во трговскиот центар Ист Гејт пукаше кон Раде Трајковски – Штекли и неговиот пријател, 23 годишниот Колумбо и им нанесе тешки повреди.
Од МВР за повеќе информации упатуваат во ОЈО, од каде пак за А1он велат дека се уште ја проверуваат поврзаноста на запалениот автомобил со пукањето во Ист Гејт.
„Кога ќе има нешто ќе известиме“, одговориле од ОЈО.
Во меѓувреме, Штекли и Колумбо се уште се под лекарски надзор по повредите кои им ги нанесе лицето по кое МВР се уште трага.
Ова е вторпат да се пука кон Раде Штекли. Првиот пат, автомобилот од кој беше пукано кон него беше пронајден запален кај езерото Треска кон селото Грчец.