Тешко повреден гевгеличанец, излетал од пат со „ровер“

62-годишник од Гевгелија е тешко повреден откако со возилото излетал од пат. 

Како што соопшти полицијата, вчера во 14.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1108, делница помеѓу Гевгелија и село Моин, П.Ј.(62) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Гевгелија.