Група на граѓани доца синоќа се собраа пред домот на пратеникот на СДСМ од скопско Сопиште Далибор Богдановски кој се најде на листата на пратеници од Македонска националност кои учествуваа во силеџиското изгласување на законот за двојазичност на срамниот 14. март во Собранието.

Соседите на Богдановски пред неговата куќа скандираа „Предавник, предавник“, а пееа и Македонски патриотски песни.

Пред куќата на пратеникот има силно полициско обезбедување, војска и специјална полиција која се заканува дека ќе го тепа и апси насобраниот народ.

По силеџиското изгласување на законот за двојазичност, настрада автомобилот на пратеничката од СДСМ во Виница, а се протестираше и пред домовите на пратеници од Прилеп, Драчево, Ѓорче Петров и низа други.

По протестите пред домот на пратеникот Далибор Богдановски од Сопиште, жителите на општината Аеродром протестираа и пред домот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски.

„Предавник, предавник“, „Нејќам два, нејќам три, еден јазик сакам ја“, „Излези момче“ беа само дел од слоганите кои ги скандираа насобраните пред станот на пратеникот од СДСМ во Аеродром.

Тие пред неговиот дом на плочникот со спреј испишаа и „Диме Предавник“.