Тажно дерби помеѓу Вардар и Металург

Попладнево во скопски Аеродром, во салата „Јане Сандански“ се одигра мечот помеѓу двете најдобри македонски ракометни екипи, Вардар и Металург.

Она што го прави тажен овој меч од рамките на СЕХА Лигата е отсуството на навивачките групи на двата тима. Во салата имаше околу 2 500 гледачи, но атмосферата беше слична на онаа во Македонска опера и балет. За познавачите на овој спорт и оние кои биле на барем еден натпревар во изминатите неколку години, ова е навистина невообичаена глетка. 

Внатре-клубските проблеми во Металург се причина за напуштањето на трибините на популарните Пирати. Меѓутоа, во салата ги нема ни Комитите, кои се верни следбеници на Црвено-црните на домашните но и на гостинските натпревари. 

Инаку натпреварот заврши со победа на Вардар од 31:29.

ФОТО: gol.mk