Тајната на среќниот живот се крие во едно прашање

Еве едно прашање: Ако некој ви каже дека морате да се преселите од градот во кој живеете и тоа за 30 дена, како ќе го поминете преостанатото време?

Професорката по психологија Џејми Куртс на Универзитетот „Џејмс Мадисон“ и нејзините студенти токму вака го формулирале прашањето кое и го поставиле на својата експериментана група во скорешно истражување. Биле љубопитни да дознаат какви би биле нивните приоритети доколку би морале да го напуштат градот во кој моментално живеат: Со кого би го поминувале времето? Што би правеле?

Студентите од групата морале да се однесуваат како навистина да треба да се преселат. Профеорката на неделно ниво ги проверувала нивните чувства и постапки. Сфатила дека оваа екпериментална група покажала повисоко ниво среќа од неутралната контролна група.

Овој ефект се јавува поради тоа што се исполнуваат некои основни психолошки  потреби: независност, компетентност и меѓучовечка поврзаност кои се поврзани со општата состојба на човекот.

Еден студент рекол: „Бев продуктивен, но не поминав премногу време на работа и се гледав со пријателите.“ Многу е веројатно дека овие студенти  биле поактивни и дека експериментот им помогнал да расчистат сами со себе во врска со тоа кои се нивните приоритети. Правеле работи  во кои се добри, а и повеќе се дружеле со пријателите кои им значат. Помалку го правеле она што „треба“, а повеќе се фокусирале на она што го прави животот побогат.

Како можете ова истражување да го примените на својот живот? Лесно!

Поставете си на себе прашање слично на она од почетокот на текстот: Што највеќе би сакале да правите кога би морале наскоро да се преселите? Кога мислите ќе ви доаѓаат на памет, редете ги според приоритет.

Запишете ги имињата на луѓето со кои највеќе би сакале да поминувате време. Кои ресторани, музеи и природни убавини би сакале да ги видите. Тоа би можеле да бидат работи на кои обично не би се фокусирале. Веројатно обично сте презафатени за нив. Можеби ви недостига мотивација. Во секојдневниот презафатен живот можно е воопшто и да не сте забележале дека тие работи ви се потребни. Ништо не може да ја истакне важноста на некои работи (личности, места) како помислата дека повеќе ги нема.

Други истражувања покажуваа дека кога времето навистина ќе „истече“, емотивната награда и значајните луѓе и места природно испливуваат на врвот на листата на приоритети. Ова истражување покажува дека овој начин на размислување може однапред да се создаде и да ни помогне појано да ги видиме нашите приоритети.

new nike air max 2019