Работи кои треба да ги оставите позади себе за да бидете среќни

Ги оставам позади себе сите нешта кои не можам да ги контролирам и сите одлуки кои ми наштетија на еден начин. Се ослободувам од работите кои не можам да ги променам, моментите кога сакав да ги променам или поправам работите кои не можам да ги контролирам.

Заборавам на сите врски и пријателства за кои се држев толку долго, а кои ми носеа  негативни чувства, немир и болка. Постојано се навраќав наназад и мислев дека немам иднина, но за жал никако не можев да се придвижам напред. Се ослободувам од очекувањата кои не можат другите да ги исполнат за мене, и оние кои не можам да ги исполнам за себе.

Се ослободувам од стравот кој го имам, од сите промени. Ги оставам позади себе стравовите од промени, од нови нешта, нови луѓе, но и од заборавањето и оставањето на оние кои не се важни и значајни.

Не сакам повеќе во себе да го носам товарот на целиот свет. Да мислам постојано на другите луѓе, без да се ставам себеси како приоритет, без да помислам на себе барем малку. Носам одлука да се грижам за себе, да мислам на себе, на својот карактер, моите предности и маани, моите ставови, да си се посветам на себеси. Не сакам постојано да имам некој до мене, веќе не се плашам од осаменоста и учам да живеам со мојот карактер и со желбата и волјата постојано да се подобрувам.

Си велам себеси дека нештата ќе испаднат добро, дека се ќе биде во ред.

Нема веќе да дозволувам да ме проголтуваат негативните мисли, да се вознемирувам од критиките и негативните ставови на другите. Нема да се менувам за нив, ќе се менувам за себе.

Кажувам збогум на сета негативност која ја собрав оваа година. Засекогаш.

cheap nike air max 90