Светскиот ден на детето одбележан во Кисела Вода

Денес, во ЈДГ „8 Март“, во објектот „Расадник“ по повод одбележувањето на Светскиот ден на децата, 20 - ти Ноември, се одржа едукативен час за заштита на животната средина.

На едукативното предавање кое го одржа Марио Трајковски, менаџер на Кариерниот центар при Факултетот за земјоделски науки храна и ветеринарство , дечињата имаа можност да слушнат совети како да ја заштитат животната средина и како да придонесат за почиста и позелена околина. Покрај ова, Трајковски преку видео презентација ги запознаа децата и со процесот на рециклирање.

Овој настан, дечињата го збогатија со ликовни активности преку кои ги покажаа своите креативни вештини. Тие насликаа многу цртежи кои испраќаат пораки до возрасните за тоа како треба да изгледа опшеството во кое се развиваат.