Судир помеѓу комбе и мотор, подебелиот крај го извлекол мотоциклистот

Вчера на регионалниот пат Тетово- Јажинце во судир помеѓу комбе и мотор со потешки повреди се здобил возалот на моторот кој бил пренесен во болницата во Тетово.

„На 09.04.2024 во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај с.Доброште се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од с.Голема Речица, и моторцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ќ.П.(50) од с.Доброште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово“.