Судбината е неизбежна, но ние сме тие кои ја создаваме

Во овој свет има толку многу начини со кои можеме да си го исполниме своето време. Она што всушност ја одредува судбината на секоја душа е нашиот избор како ќе го поминеме секој скапоцен миг од нашиот живот.

Судбината е неизбежна, но ние сме тие кои ја создаваме. За секоја акција постои и соодветна реакција. Има една изрека која вели: „Сѐ што оди нагоре, мора да падне надолу.“ Моќта на нашите мисли и чувства влијае на светот. Што тогаш да се каже за моќта на нашите зборови и дејства?

Човечкиот живот се разликува од животот на останатите суштества по тоа што секое човечко суштество има моќ да ја одреди насоката на својот живот. Останатите животни ја немаат таа моќ, тие едноставно дејствуваат врз основа на инстинкт. Човекот може да прави сѐ и сешто. Може да биде морален или неморален, чесен, нечесен, понизен, себичен. Ние ја имаме таа моќ, но со моќта доаѓа и одговорност.

Ситуацијата во која моментално се наоѓаме е производ на изборите кои сме ги направиле во минатото, а начинот на кој одбираме да делуваме во тие ситуации е она што ја одредува нашата иднина. Не само во овој живот, туку и во животот по овој.

Сѐ што е поврзано со нашето делување, во секој момент, е зависно од изборите кои ги правиме.