Во изминатото деноноќие, според индексот на квалитет на воздух Струмица се најде на прво место за најзагаден град во Македонија со индекс на загадување од 277.
По него е Куманово каде индексот на загадување е 254 додека зад Куманово се наоѓа Кичево со 237 микрограми на метар кубен. Во Скопје најзагадено е Лисиче со 205 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.
Од останатите македонски градови висока загаденост бележат Тетово, Битола и Кавадарци.