Страшна сообраќајка на обиколница, повредени четири лица

Едно лице е тешко повредено, а уште три полесно во сообраќајка што се случила вчера на скопската обиколница. 

На 10.12.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат–обиколница на Град Скопје, кај с.Визбегово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(45) од с.Глумово, скопско и патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(20) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „пежо“, Ф.С.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „пежо“ Б.К.(24) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.