Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Еден загинат, пет лица тешко повредени

Едно лице го загуби животот, а пет се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 01,25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево меѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“.

На местото на настанот починал Д.Р.(38) од Охрид, кој го управувал патничкото моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблици.

-Во автомобилот, сопатници биле и лицата Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид, кои се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди, се здобил А.М.(31) од охридското село Лешани, кој го управувал товарното моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, предводена од Јавен обвинител.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.