Стоилов со легендарна изјава: „Поим немам како се вративме" (видео)

Стојанче Стоилов водеше вистинска војна против Тунижаните и ги одигра сите 60 минути. Тој беше еден од најдобрите на теренот и во нападот и во одбраната, постигна седум голови и во негов стил по натпреварот изјави дека не му е јасно како Македонија се врати од негатива од четири гола.