Стоилов и Јовановска се најдобри спортисти на Македонија за 2019

Ракометарот Стојанче Стоилов и каратистката Пуликсенија Јовановска се прогласени за најдобри спортисти на Македонија во изборот организиран од Агенцијата за млади и спорт.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов кој уште еднаш со „црвено-црните“ стана европски шампион е прогласен за најдобар спортист на Македонија.

За најдобра спортистка е прогласена каратистката Пуликсенија Јовановска која го освои петтото место во категоријата кати на Европското првенство во Гвадалахара.

Одбојкарската репрезентација на Македонија која за прв пат настапи на едно европско првенство е прогласена за најдобра машка репрезентација за 2019. Во женска категорија таа награда ја добри ракометната репрезентација.

Капитенот на одбојкарската репрезентација, Никола Ѓорѓиев доби награда за посебни достигнувања во спортот за 2019 година.

За најдобра федерација беше прогласена Ракометната федерација на Македонија, наградата ја подигна претседателот Живко Мукаетов.