Стихови од Икономов за Скопје: Ако го сакаш кејот појди, ќе сретнеш девојка...

Во пресрет на есента, ќе ве потсетиме на едни преубави стихови од легендарниот поет и учител Васил Апостолов Икономов во времето пред скопскиот земјотрес. Што се однесува до урбаните мотиви и урбаната скопска поезија, Икономов и во тоа време и подоцна останува идол на многу генерации. 

АКО ГО САКАШ СКОПЈЕ - ДОЈДИ

Ако го сакаш Скопје,

дојди, ќе те чекам на кејот.

Ако го сакаш Скопје,

земи неколку пожолтени есенски лисја

од некоја негова улица.

Исцицај им ја сета љубов што ја имаат,

а потоа в магловито утро скамени ја

и од неа направи камени цветови...

Ако го сакаш кејот појди, ќе сретнеш девојка –

росата ѝ ги расплакала очите.

Подари ѝ го извајаниот цвет од утробата...

Ако го сакаш Скопје,

јас вејка ќе те наречам

и ќе те одведам во паркот,

да крадеме сѐ уште неродени хризантеми.

Васил Икономов