Стефковски: Пензионерите се луѓето од кои треба да учиме

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски по повод празникот Вера, Надеж и Љубов го одбележа патронот на активот на жени пензионерки во рамките на Здружението на пензионери на Општина Гази Баба.

Стефковски на Фејсбук објави фотографии од средбата.

-На празникот Вера, Надеж и Љубов имав чест да бидам заедно со Здружението на пензионери на општина Гази Баба кој овој ден го слават како патрон празник на активот на жените пензионерки. Пензионерите се луѓето од кои ние треба да учиме, бидејќи тие го имаат поминато работниот век и се имаат вложено во создавањето на темелите на едно здраво и силно општество.

На членовите од Здружението на пензионери на Гази Баба им честитав за духот и енергијата која ја носат во себе. Тие се постојано активни, спортуваат, другаруваат.. Но како и за се друго во животот, потребна е само волја и желба кои тие ги поседуваат. Како градоначалник на општина Гази Баба и во следниот период ќе негувам партнерски однос со Здружението на пензионери на Гази Баба со цел успешна реализација на сите предвидени проекти и активности - напиша Стефковски на официјалната страница.