„Денеска речиси пет часа давав исказ во својство на сведок. Во интерес на истрагата и моето својство, немам нешто плус да изјавам за јавноста.
Се што имав да кажам за случаевите „Империја“ и „Рекет“ кажав во петочниот мој исказ кој на сите вам ви е добро познат.“
Ова денеска пред седиштето на обвинителството за Организиран криминал во Скопје го изјави обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова која неколку часа беше испрашувана за аферата „Рекет“.