Старнавски ќе се обиде да го урне минатогодишниот рекорд во пештерата Врело

Светски познатиот спелеолошки нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска, заедно со тимот од домашни нуркачи од нуркачкиот клуб „Акватек“ и спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, ќе се обиде да го урне минатогодишниот рекорд во длабочина во пештерата Врело на Матка.

Минатата година Старнавски го урна рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спушти до 230 метри длабочина во пештерата.

Годинава ќе се обиде да го подобри и овој рекорд со што Матка Врело би можела да стане најдлабоката пештера во светот што е истражена од човек.

Се очекува експедицијата да донесе и информации за неоткриени делови и, доколку ги има, информација за нови краци од основната патека на пештерата.

Старнавски и неговиот тим длабоките нуркања ќе ги направат овој викенд, откако претходно заедно со домашната експедиција нуркачи ќе ги поминат последните подготовки.

air max 90 essential sale