Станарите револтирани: Инвеститор поставил рампа пред влез на зграда во Центар

Жителите од Центар, односно ул. „50-та Дивизија“ бр. 25, се револтирани затоа што инвеститор им го блокирал влезот од нивната зграда, објави „Алфа“.

- Дивеењето во Скопје никако да престане. Секој ден, нов циркус, велат тие.

Вчера им поставил табла на која пишува „Не паркирај приватен имот“, па така тие со возилата не можат да влезат во сопствениот дом.

- Викнавме градежна инспекција, дојдоа, сликаа и заминаа. А за тоа време што треба да правиме? Тоа што е негово, нека си извади дозвола, нека ни обезбеди пат од било која страна и ќе го ослободиме просторот, вели жител пред камерата на „Алфа“.