Стабилна состојбата во ковид-центрите во Скопје и низ земјата

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 74 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало два приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 5 оздравени пациенти.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 10 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 25 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38 пациенти.

Вкупно 74 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во земјата пак, се лекуваат вкупно 109 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 13 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 15 пациенти, во Прилеп 5, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 7 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.