Среќата доаѓа кога и покрај тоа што ни е тешко, си го сакаме животот и се бориме за него

 

Кога ми е тешко, не се жалам, не кукам, не се прашувам колку ќе трае, но повеќе го ценам животот отколку порано. А колку е потешко, толку ја кревам цената на животот повисоко. Во еден скриен агол од моето битие има станар наречен надеж.

И кога сите работи ќе почнат да се менуваат, кога нема повеќе поддршка, кога старата слика на светот исчезнува, а новата не е на повидок, кога ништо не е исто како порано, го слушам гласот на тој станар кој вели: Ценете го животот се повеќе и повеќе.

Кога ми е тешко, не велам дека животот не е фер, туку гледам наоколу ситуации и луѓе на кои им е многу потешко од мене и наеднаш наоѓам илјада причини да бидам благодарен. И колку повеќе набројувам причини за да бидам благодарен, толку повеќе се намалува тежината на предизвикот пред мене.

Мислам дека еден ден можеби ќе гледам гордо на овој момент, бидејќи во него ќе соберам многу повеќе сила отколку на кој било друг начин.

Кога ми е тешко, излегувам во природа и барам утеха во убавината на светот околу мене. Уживам во тие мали моменти на мир и спокојство што ми ги нуди животот секој ден, но не ги гледам, бидејќи често сум фокусиран само на она што не е во ред.

Сè што ви треба е да се опуштите, да оставите некои од вашите планови на Бога и да му дозволите да направи нешто околу тоа. Можеби работите ќе испаднат многу подобро на крајот ако престанам да се борам за нешто што воопшто не можам да го променам.

Среќата доаѓа кога ќе одлучиме да си го поедноставиме животот и да прифатиме дека многу работи нема да бидат под наша контрола.

Среќата доаѓа кога, наместо да губиме време на работи и луѓе кои само ни носат солзи, ќе решиме да го најдеме нашиот мир со оние за кои се грижиме и кои нè исполнуваат со чувство на радост.

Среќата доаѓа кога и покрај тоа што ни е тешко, си го сакаме животот и одлучуваме да се бориме за него без разлика на се.

Марио Жувела