Среде ноќ во Чаир пронајдено 12-годишно девојче, исчезнато од Домот „25 Мај“

Синоќа околу 01 часот и 10 минути на улица „Благоја Стефковски“ во Скопје, од страна на полициски службеници било пронајдено 12-годишно дете - штитеник на Домот „25-Ти  Мај“.

Истото било пријавено во полиција и се водело како исчезнато.

Детето било предадено на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција Чаир за понатамошна постапка.