Средба на министерот Спасовски со новиот француски амбасадор Сирил Бомгартнер

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со новоименуваниот амбасадор на Франција Сирил Бомгартнер, на која, како што информира МВР,  му посака добредојде и успех во извршувањето на својата одговорна работа во унапредувањето на односите меѓу двете земји.

– На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес, како и целокупната поддршка што Француската Република и ја дава на Република Северна Македонија во делот на евроинтеграциските процеси за пристапување кон Европската Унија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски ја нагласи досегашната одлична соработка помеѓу двете министерства за внатрешни работи, како и во областите во кои таа би можела да се продлабочува во иднина, со особен акцент на унапредувањето на капацитетите на македонската полиција.