Спомен од едно убаво време...Тазе мелено кафе и млеко (фото)

Е тоа беше време кога со толку љубов ...Татко ми ќе го мелеше кафето, мајка ми ќе го свареше и потоа заедно ќе уживаа во попладневното кафе, се присетува еден скопјанец.

Останаа овие фотографии да не навраќаат на едно убаво време каде можеше да се купи свежо вкусно млеко кое секое утро во гајби се  носеше пред маалските продавнички.

Најубавото млеко од кеса... Тенџерето не се тргаше од шпорет додека не се направеше пена... Кога ќе го сваревме, имаше кајмак дебел еден прст. Нема веќе такво млеко, раскажува една скопјанка.