Совршена исхрана според хороскопскиот знак: За близнаците базирана на зеленчук, стрелците можат и со зачинете храна

 

Според астролозите, вашиот хороскоп може да се одрази и на исхраната, па така за секој знак постојат намирници кои треба повеќе да се внесуваат во исхраната или да се исфрлат

Овен

Храната која најмногу им одговара на овните е зелена салата, ореви, компир, спанаќ, црн лук, краставица, леќа, јаболки, ротквици, лимета, грав и зелка. Намирници кои го хранат мозокот како риба и бадеми се задолжителни. 

Бик

Бидејќи натриум сулфат е ваша телесна сол, земете цвекло, карфиол, лук, краставица, блитва, тиква. Повторно, бидејќи бакарот е ваш минерал, почесто јадете (во помали количини) џигер, говедско, жолчки, грашок, суви сливи, бадеми. Зашеќерената храна за вас е едно големо НЕ! Обидете се да вечерате рано и да прошетате после вечерата. 

Близнаци

Спанаќ (навистина добар за вас), домат, портокал, боранија, целер, кајсии, сливи, морков, карфиол, кокос, голема порција месо, јунешко, јастог, јајца, лук, пченица. Без цигари, без алкохол и само музика се вашиот пат до здравјето.

Рак

Обично се препорачува диета со риба. Избегнувајте ги сите скробни продукти. Пецивата и тортите се забранети, иако многумина од вас сакаат благо. Сите астролози се согласуваат дека овошјето и зеленчукот кои содржат многу вода се најдобра храна за раковите: дињи, краставици, тикви, зелка, репка, зелена салата и печурки треба да се земаат редовно. 

Лав

Бидејќи магнезиум фосфат е вашата храна за организмот, вашата храна се сирови жолчки, шпаргли, смокви, лимон, кокос, праски, семки од сончоглед, јоболки. Медот и месото се задолжителни за вас. Зеленчукот кој има висок процент на шеќер треба редовно да се зема. Избегнувајте тензични ситуации.

Девица

Бидејќи калиум сулфат е клучен елемент во вашата исхрана, лимон бадем, цикорија, интегрална пченица, сирење, црни маслинки, овес, немасно говедско и јагнешко. Користете билно масло за салати и за готвење. Редовните оброци се задолжителни за девицата, а оризот и овошјето се задолжителни за вас. 

Вага

Шпарглите, бадемите, кафениот ориз, грашокот, овесната каша, цвеклото, сувото грозје, пченицата, јаболките, јагодите, спанаќот и пченката. Избегнувајте шеќер и скроб. Месната диете не е добра за вас, но можете да ја консумирате два пати неделно и да ја избегнувате зачинетата храна. 

Шкорпија

Вклучете ги во исхраната смоквите, лукот, шпарглите, сенфот, карфилот, кокосот, ротквиците, црешите, немасното месо и јастогот. Болестите на непцата се она што ги мачи шкорпиите и бараат поголема нега. По секоја цена избегнувајте алкохол, дрога и цигари.

Стрелец

Вие треба да јадете храна која содржи силициум диоксид: суви сливи, јаболки, овес, сирови јајца, јагоди, урми, цреши, домати, боранија, пченка. Вие уживате во оризот, но треба да го јадете умерено. 

Јарец

Вие треба да консумирате храна која содржи калциум фосфат: смокви, кравјо млеко, портокали, лимон, жолчки, зелка, пченица, бадеми, немасно месо, свежо сирење, кафеав ориз, целер, риба. Слободно вклучете го месото, но избегнувајте ги сите врсти леб.

Водолија

Почнете да консумирате храна богата со натриум хлорид, како: јастог, зелена салата, риба, зачини, ореви, океанска риба, крушки, лимони, портокали, јаболки, остриги, ротквици, пченка, праски, грејпфрут. Пливањето и сите врсти спорт ќе ви бидат добредојдени. 

Риби

Земете цвекло, џигер, жолчки, зелена салата, лук, житарки од цело зрно, суви сливи, лимон, портокали, јаболки, грозје, спанаќ, јагнешко месо, праски. Запамтете дека во вашиот случај е можно пореметување на работата на срцето или црниот дроб. Пецивото може да го консумирате умерено. Млечните шејкови од сите врсти и вкусови дополнително ќе го подобрат вашиот капацитет, а туната и козјото месо ќе бидат добредојдени.