Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје бара вонредна седница

Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје бара вонредна седница на Советот поради финансиската состојба на градот. 

- Јавните претпријатија едвај функционираат, јавниот превоз е во колапс, а извесен период не функционираше ниту градската администрација затоа што немаа основни средства за работа. Граѓаните мора да знаат каде завршиле нивните пари. Станува збор од најмалку 100 милиони евра од редовниот Буџет, но и дополнителни 13 милиони евра што претходната градска администрација на СДСМ ги остави во градската каса. Затоа, денес поднесуваме иницијатива да се одржи вонредна седница на Советот на Град Скопје на која ќе се расправа за тешката финансиска состојба во Градот,рече денеска во изјава за медиумите Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. 

- Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да објаснат каде завршија стотици милиони евра народни пари и зошто Градот е со блокирана сметка, рече таа.