Состанок на Комисијата за заразни болести – ќе има ли нови рестриктивни мерки?

Комисијата за заразни болести утринава ќе се состане и ќе одлучи дали до Владата ќе предложи нови рестриктивни мерки.

-На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Дел од медиумите вчера, повикувајќи се на извори од Министерството, објавија дека најверојатно од петок се планира зголемување на времетраењето на полицискиот час. Наместо од 22, полицискиот час да почнува од 17 часот и да трае до 5 наутро.

Филипче за денеска во 11 часот закажа прес-конференција на која се очекува да бидат соопштени одлуките на Комисијата за заразни болести.